„Сказни од Русија“ на Симон Трпчески доби највисоки оценки од музичкото списание на Би-би-си

 Албумот на македонскиот пијанист Симон Трпчески, „Сказни од Русија“, доби максимални пет ѕвездички од престижното британско списание „Би-Би-Си мјузик магазин“. Самостојниот албум на Трпчески е издаден под британската етикета „Оникс“.

„Трпчески ги позлатува ‘Приказните‘ на Прокофјев со совршено проценет тон, придружен од снимка која е истополна и прекрасна, како и изведбата на ваков врвен пијанист“, пишува критичарот Дејвид Најс во текстот насловен „Трпчески обојува магична слика“, издвоен како „инструментален избор на уредникот“.

Од Здружението за култура и уметност КултурОп велат дека по декемвриските настапи во Франкфурт и Виена (во прочуената сала „Музикферајн“), првите три концерти во 2020 го водат Трпчески во САД, со Симфонискиот оркестар на Њу Џерси и славната диригентка Шијан Жанг.

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе