Симон Трпчевски ја изведе „Не си го продавај Кољо...“ во Сао Паоло во Бразил

Македонскиот светски познат пијанист Симон Трпчески одржа концерт во Сао Паоло, во Бразил со познатиот Симфониски оркестар на сојузната држава Сао Паоло.

Пред преполната сала тој ја изведе традиционалната македонска песна „Не си го продавај Кољо чифликот", во познатата обработка на композиторот Драган Шуплевски. Нековиот концерт заврши со бурни овации од публиката.

Наредниот пат Трпчевски вети дека ќе го претстави целиот негов проект „Македонисимо" во Бразил и во Латинска Америка.

На концертот присуствуваше и македонскиот амбасадор во Бразил Ивица Боцевски.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе