СВЕТСКА ПРЕМИЕРА

Симон Трпчески со проектот „Македонисимо“ ја воодушеви публиката на фестивалот во Лудвигсбург

Освен на пијано, Симон Трпчески свиреше и на хармоника, па дури и запеа на светската премиера на неговиот најнов проект со музика од Македонија, насловен „Македонисимо“, на престижниот фестивал во Лудвигсбург, Германија.

Бувчанско, Малешевка, Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е она девојче,... во препознатливите македонски ритми аранжерски облагородени во соработка со македонскиот композитор Панде Шахов и изведени заедно со тимот во чиј состав виртуозно „одиграа“ и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, потоа на кларинет, саксофон и на кавал специјално за оваа прилика Хидан Мамудов, а зад удиралките и Влатко Нушев; синоќа ја одушевија германската публика на престижниот Фестивал во Лудвигсбург.

„Ептен македонско“, како што во шега знае да каже носителот на нашиот културен идентитет во светот наиде на овации кај пребирливата фестивалска публика, јавува „Култур Оп“ со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

Пресреќен од приемот на праизведбата на својот долгоосмислуван проект што му го посвети на македонскиот народ, Трпчески за Македонското радио изјави:

„Луѓето беа одушевени и мене ми е исклучително драго што на овој начин се заокружи овој проект што вклучува сплетови од македонски ора со неколку песни кои ѝ носат шарм на целата инструментална димензија од 80 минути музика. Искрено се радувам и едвај ги чекам следните изведби на проектот и се надевам дека насекаде низ светот каде што ќе успеам да го претставам ќе наиде на убав прием кај публиката“, вели Трпчески.

Задоволството од соработката со Трпчески и приемот на нивната заедничка работа врз претставувањето на музиката од Македонија не го криеја и другите членови на овој своевиден камерен состав.

Веќе е закажана и првата реприза на „Македонисимо“. Честа следна да го слушне овој проект ќе ја има словенечката публика на 6 јули во Љубљана.

Референдумот во Дојран во недела е поделикатен од оние во Гевгелија, Богданци и Валандово, зашто отворањето рудник во Казандол може да го кутне во уште потешка агонија eзерото кое е прогласено за споменик на природата. 

повеќе

Во Франција, пред, по и за време на Втората светска војна, пушењето, особено француски марки цигари, било чин на патриотизам. 

повеќе

Не постојат „повисоки интереси" од типот на членството во Европската Унија или НАТО алијансата за кои вреди да се прават потценувачки компромиси.

повеќе