Трпчески и Капоски од Операта во Барселона и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, кој работи во Филхармонијата во Стразбур ќе изведат троен концерт на Јохан Себастијан Бах.
„За време на концертот ќе биде изведен музичкиот проект 'Македонисимо' со македонска народна музика. Културата е оној вечен мост, кој може да ги обединува луѓето и да им биде потпора во тешките моменти, која ќе им дава сила да продолжат напред“, изјави Трпчески во Софија за МИА.
Според неофицијалните најави, на концертот се очекува да присуствуваат министрирте за култура на Северна Македонија Ирена Стефоска и на Бугарија Велислав Минеков.
Во саботата вечерта во Културно-информативниот центар во Софија, каде македонски и бугарски поети читаа своја поезија, Трпчески изведе една од познатите македонски песни.