„Шопенова вечер“, концерт на млади музички таленти од Битола

Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“, огранок во Битола, и Државно музичко училиште-Битола, a со поддршка на Амбасадата на Република Полска во РС Македонија, вечер во битолскиот Музеј ќе го одржат 26. концерт „Шопенова вечер“ културен настан на кој ќе се претстават млади музички таленти од овој град.

Во рамки на програмата ќе настапат Ева Неделковска ученичка во петто одделение, Софија Михајловска од шесто одделение, Кристијана Илиевска од седмо одделение, Деан Павловски и Николче  Петкоски од осмо одделение, како и средношколците Викторија Чавдаровска, Андреа Николовска, Јована Арсоска, Михаил Јагуриновски, Емануел Петрески, Љубица Здравковска, Исидора Ангелеска, Злата Даниловска, Христина Трајаноска и Бојан Димитровски.

Младите музички таленти, придружувани од своите професори Марија Шамоска Буџаковски, Ана Попова Трајановска, Билјана Димовска, Маја Божиновска, Вера Поповска, Верица Дивитарова и Јана Четелева Белевска, ќе ги изведат познатите Мазурка, Етида, Полонеза и други дела од Шопен.

Традиционалниот концерт ќе се одржи во салата на клавирите во НУ Завод и Музеј-Битола.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе