Концерт

„Руски романси“ вечер на „Скопско лето“

„Руски романси“ е насловен концертот кој во рамки на „Скопско лето“ ќе се одржи вечер од 20.30 часот на терасата на Музејот на македонската борба, а ќе настапат млади музичари и изведувачи кои учествувале на меѓународниот натпревар „Романсиjада“ во Софија и Москва.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје (ДКУС), организатор на летниот фестивал во главниот град, соопшти дека главна цел на концертoт е на публиката да ѝ бидат претставени и доближени не толку познати, но сепак одлични автори од жанрот на руската романса, како и светски познатите дела на руски композитори.

„Целта е изведбата на делата да биде колку што е можно поблиска и поавтентично да се пренесе ‘рускиот стил‘од страна на нашите пејачи. Концертот ќе има и музиколошки дел – едукација на публиката за биографии на композитори и поети, истории на создавање на романсите, епоха, стилски особини и слично. Руските романси се од композитори – класици: Чајковски, Рахмањинов, Черепнин, Слонов…, како и салонските романси од 19-тиот и од почетокот на 20 век: Зубов, Булахов, Шереметјев, непознати автори, но и композитори од 20 век:  Бабаџањан, Шварц, Шабордина…“, наведува ДКУС во најавата на концертот.

На концертот ќе настапат Мариана Бошковска, Сара Јанева, Елена Васова, Исмет Вејсели, Хелена Суша, Македонка Петреска, Билјана Камчева и Илија Белистојаноски.

Согласно протоколите за заштита од пандемијата и заради регулирање и контрола на бројот на публика, влезниците, кои се по цена од 100 денари, ќе се продаваат онлајн преку: kupikartizase.com или во салонот на „Југотон“ во Градскиот трговски центар.

ДКУС потсетува на задолжителното почитување на мерките за заштита од КОВИД-19: заштитни маски, физичка дистанца во гледалиштето, дезинфекција и мерење телесна температура на посетителите кои на концертот ќе влегуваат половина час пред неговиот почеток, односно во 20 часот.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе