„Риголето“ во МОБ

Во Македонската опера и балет (МОБ) вечер ќе биде изведена операта „Риголето" од Џузепе Верди под диригентство на Бисера Чадловска.

Режисер е Нина Најденова од Бугарија, за сценографијата се погрижи Живојин Трајановиќ, костимите се на Марија Пупучевска, додека зад кореографијата стојат Саша Евтимова и Киро Павлов.

Улогата на „Риголето“ му е доверена на Ристе Велков, а настапуваат и Наде Талевска-Спасовска (Џилда), Зоран Сотиров (војводата од Мантова), Александар Стефаноски (Спарафучил),…

„Риголето“ е драма на човечкиот живот која емотивно ги прикажува скриените негативни карактеристики на луѓето кои ги потиснуваат љубовта, слободата, радоста,… Оваа трагична приказна за љубомората и одмаздата, е напишана според драмата на Виктор Иго „Кралот се забавува“. Раскажана е со возбудлив музички јазик и нејзиниот успех наназад низ историјата не се должи само на либретото, на трагичната судбина на насловниот лик, туку и на прекрасните арии и мелодиската структура.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе