„Риголето“ вечер на програмата на Мајски оперски вечери

Операта „Риголето", едно од ремек делата на Џузепе Верди ќе биде изведена вечер на сцената на Македонската опера и балет во рамки на 47. Мајски оперски вечери.

Режијата е на Нина Најденова од Бугарија, а диригент е Алесандро Д’Агостини од Италија, кој и е добро познат на македонската публика, диригент со импозантна кариера низ голем број европски оперски куќи.

Во главните улоги ќе настапат гостите од Италија – баритонот Алберто Гаѕале како Риголето и сопранот со префинета вокална техника, Линда Кампанела како Џилда. Гаѕале бележи блескава кариера со репертоар кој вклучува над 70 улоги, а настапува во Миланската Скала, Виенската „Штац“ опера, Арена ди Верона како и во повеќето претижни оперски куќи низ Европа. Кампанела, пак, е редовен гостин на најпрестижните меѓународни оперски куќи настапувајќи низ целиот свет, а покрај тоа е наставник по вокална техника и интерпретација на Вокалната Академија во Торино.

Во улогата на Војводата од Матова ќе настапи Ифрим Космин од Романија, Владимир Саздовски како Спарафучил и Ирена Кавкалевска како Мадалена.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе