Рецитал на виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска во Лисабон

На 22 април во концертната сала на палатата Фоз во Лисабон позната како „Сала на огледалата", португалската публика ќе има можност да го проследи рециталот на виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска.

Концертот во Лисабон доаѓа по успешните настапи во Виетнам, Малезија, театарот Марчело во Рим, концертот во Карнеги Хол во Њујорк и успешниот концерт во Париз.

Ева Богоевска нашата јавност ја препознава по мноштвото први награди кои ги освои на меѓународните реномирани фестивали и натпревари за класична музика во Санкт Петербург - Русија, Сан Ремо - Италија, Њујорк - САД, како и освоеното Гранд при на интернационалниот фестивал за класична уметност во Израел.Таа е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на професорот Олег Кондратенко.

Нашата реномирана пијанистка и пијано соработник Маја Стојановска веќе единаесет години живее во Португалија, работи како професор по пијано на Конзерваториумот во Монтижо и со голем успех активно концертира во Португалија.

На престојниот рецитал нашите уметници ќе се претстават со дела од Моцарт, Бетовен, Шопен и Дебиси.

Концертот ќе се реализира со поддршка од македонското Министерството за култура.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе