Концерт

Психоделичните „Софт машин“ за првпат ќе настапат во Скопје

Култниот бенд „Софт машин“ (Soft Machine), кој заедно со „Пинк Флојд“ ја создадоа британската андерграунд сцена во шеесетите години на минатиот век, доаѓа за првпат во Скопје на ексклузивен концерт на 14-ти март (среда), во „Станица 26“, со почеток во 21 часот, а во организација на „3Гонга“.

Како еден од најоригиналните психоделични бендови, „Софт машин“ ги поставија стандардите за прогресивен, експериментален и психоделичен рок и џез-рок и со тоа го обезбедија своето место меѓу највлијателните британски музичари на сите времиња.

Името на бендот е инспирирано од новелата на познатиот американски писател Вилијам Бароуз. Бендот потекнува од Кентербери и во шеесетите години биле едни од централните бендови на оваа музичка сцена. Иако имаат досега постигнато огромен комерцијален успех, музичкиот он лајн водич „AllMusic“ ги опишува како еден од највлијателните бендови на андреграунд сцената.

Нивната музика има широк спектар од психоделија, преку алтернатива до поп музика. На почетокот од нивното музичко патешествие, оваа група свиреше на истата музичка сцена рамо до рамо со „Пинк Флојд“, во познатиот лондонски „U.F.O. Club“ од шеесетите години.

Тие се едни од ретките, чиј звук сѐ уште може да се дефинира како иновативен и неконвенционален, но едновремено богат и повеќеслоен. Нивниот звук е резултат на сериозна музичка писменост и суптилно експериментирање со мелодијата. Низ историјата низ бендот продефилирале голем број музичари познати на рок, џез и поп-сцената како: Роберт Ват, Мајк Ратлиџ, Хју Хупер, Давид Ален, Кевин Ајерс, Елтон Дин, Алан Холдсворт, Џон Маршал... Во Скопје доаѓаат во состав: Џон Етериџ на гитара, Рој Бабингтон бас, Џон Маршал на тапани и Франс Николас на клавијатури.

Тие се едни од најинфлуентите бендови на минатиот век, особено на андерграунд сцената. Досега „Софт машин“ имаат реализирано безброј европски и светски турнети, а во 1968 година имаа голема американска турнеја со Џими Хендрикс. Турбулентната историја на овој бенд и нивната богата дискографија и артистичка визија им обезбедија сериозна и значајна улога во рокенролот.

Билетите за концертот се по цена од 1.000 денари.

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе