Промовирано музичкото издание „Романтизам и импресионизам“

На три промотивни концерти што се одржаа изминатата недела во Скопје, Кавадарци и Гевгелија, пред јавноста беше претставено музичкото издание, односно вториот и третиот том од циклусот „Compendium Musicum“ со наслов „Романтизам и импресионизам“, во кој се поместени четириесетина маркантни композиции од големите мајстори на овие епохи.

Како што соопшти Музичкиот издавачки центар (МИЦ), во селекцијата и редакцијата на композициите учествувале нашата истакната пијанистка, музички педагог и публицист Снежана Анастасова Чадиковска и младиот пијанист Стојанчо Баковски.

На промотивните концерти на кои беa претставени збирките „Пиеси за пијано – Романтизам и Импресионизам“, 2 и 3 младите пијанисти (четиринаесет на број) од музичките училишта од земјава имаa можност да исполнат дел од композициите содржани во нив.

Збирките се во издание на Музичкиот издавачки центар и се потпомогнати од Министерството за култура.

„Присуството и исказите на промоторот Евушка Трпкова Елезовиќ, истакната пијанистка и поранешен декан на Факултетот за музички уметности, и на воведничарот – уредникот и музиколог Марко Коловски беа драгоцен придонес во адекватното претставување на ова исклучително издание во македонската музичка култура“, соопшти МИЦ.

Промотивниот концерт во Кавадарци го организирале ООМБУ „Лазо Мицев Рале“, а во Гевгелија – Фондацијата „Аполонија“ со помош на исклучителниот ангажман на Љубица и Ѓорѓи Улишеви.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе