Промоција на книгата „Увертирата оп. 54 и четирите симфонии“ од Димитрије Бужаровски

Најновата книга за творештвото на Димитрије Бужаровски „ Увертирата оп. 54 и четирите симфонии“ ќе биде промовирана вечер во 20 часот на онлајн платформата Зум. Книгата е издадена од Факултетот за музичка уметност во Скопје и може да се преземе на страницата на архивот BuzAr.

„Книгата содржи голем број информации околу настанувањето и изведбите на овој дел од опусот на Димитрије Бужаровски, вклучувајќи ги и деталните анализи на формата и останатите музички аспекти на делата“, информира Факултетот за музичка уметност.

Промоцијата ќе ја води деканот на ФМУ, професор м-р Живко Фирфов, а ќе ја промовираат рецензентите професор д-р Викторија Коларовска-Гмирја и професор  д-р Трена Јорданоска. Покрај нив, на промоцијата ќе учествува и авторот Бужаровски и тројца диригенти, професор д-р Сузана Костиќ, професор Велко Тодевски и професор м-р Борјан Цанев кои ги извеле делата обработени во оваа книга.

Снимките од Увертирата и симфониите може да се проследат на Јутјуб каналот на архивот BuzAr

 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе