ИЗБОРНО СОБРАНИЕ

Проф. д-р Јане Коџабашија е нов претседател на Собранието на СОКОМ

Со бројно присуство на членовите композитори и (етно)музиколози, на 04 октомври се одржа редовното Изборно собрание на Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ.

На седницата беше заокружен циклусот на избор на органи на оваа организација каде со апсолутно мнозинство беа избрани претседател на Собранието и претседател и членови на Претседателството на СОКОМ.

За нов претседател на Собранието е избран проф. д-р Јане Коџабашија, на местото на композиторот Стојан Стојков, а за претседател на Претседателството е реизбран досегашниот Сони Петровски, заедно со сите досегашни членови на ова тело - Благој Цанев, Марко Коловски, Јана Андреевска, Бранка Костиќ-Марковиќ, Никола Димушевски и Валентина Велковска-Трајановска.

Избран е и надзорен орган во состав - Стојан Стојков, Горан Начевски и Дамјан Темков. Овие управни тела ќе раководат со СОКОМ во мандат со важност од две години.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе