Премиерна изведба на оперeта „Скендербег“ во Националната опера и балет

Министерот за култура Хусни Исмаили синоќа во Националната опера и балет присуствуваше на премиерната изведба на првата опера на албански јазик „Скендербег“ од композиторот Фатос Лумани.

Оперското либрето „Скендербег“ е базирано врз странски и албански автори што во нивните дела како протагонист го имаат ликот на Скендербег, кој во оваа опера се портретизира како врвен борец, патриот, но и како човек обземен со човечки и љубовни чувства. Како солисти настапија Армалдо Клоѓери, Зана Абази Рамадани, Армандо Ликај, Васко Здравков, Нина Мухо, Никола Стојчески, Лиридон Садриу, Марија Наумовска, Мустафа Имери, Бесарта Муртезани, Исмет Вејсели, Сихана Бадивуку и Дрита Каба Карага.Во изведбата на операта „Скендербег“  учествуваа и хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл при Националната опера и балет.

Диригент е Олси Ќинамиа, режијата е на Ќендрим Ријани. Кореографијата е на Артан Ибершими, а костимите ги изработи Марија Пупучевска.

Поставувањето на операта „Скендербег“ на сцената на Националната опера и балет се реализира со поддршка на Министерството за култура.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе