Охридско лето

Празник на гитарите, концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Пред преполн Антички театар, во магична атмосфера, големите виртуози на гитара Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ приредија прекрасен роденденски концерт за 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето".

Публиката што ја имаше од сите генерации, уживаше во беспрекорната изведба на двајцата уметници со светско реноме, а пеејќи ги песните што се изведуваа, ги наградуваше Стефановски и Тадиќ и со бурни аплаузи. Посетителите на Античкиот театар уживаа во извонредните интерпретации на Македонско девојче, Касапско оро, Ајде дали знаеш дали паметиш Милице, Бог да ги бие Дебрани, Јовано Јованке и многу други по кои Влатко ќе остане запаметен како одличен изведувач.

Посакувајќи му на фестивалот уште многу години успешна работа, Влатко Стефановски кој растел следејќи го, а потоа и учествувајќи како уметник на фестивалот, рече дека „Охридско лето“ е фестивал што треба да биде пример за сите останати фестивали.

„Огромна е честа да се биде дел од одбележувањето 59 години од еден голем фестивал како што е „Охридско лето“ кој може да биде ментор и учител на многу други фестивали во регионот и во светот. Тоа што настапувам во Охрид е секогаш одново и одново и предизвик, и задоволство, и привилегија“, рече Стефановски.

Музичката одисеја на Влатко Стефановски со Мирослав Тадиќ трае 22 години. Не музицираат често, но секој нивни концерт е ексклузива за публиката.

„Постои некоја резонанца над нас која е на несвесно ниво и музиката само ја пуштаме да тече, а ние сме тука само двајца работници кои ѝ дозволуваат на таа музика да дојде од некаде, да помине низ нас и да продолжи“, додаде Стефановски.

Амбиентот во којшто се одржа концертот соодветствуваше на одбележувањето на роденденот на нашата најголемата музичко–сценска манифестација која догодина ќе го одбележи и јубилејот, шест децении од постоењето. 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе