Познати првите ѕвезди на Оффест 2020

Дуетот Лина_Раул Рефри (LINA_RAÜL REFREE), Кајхан Калхор (KAYHAN KALHOR) и Силвија Перез Круз (SILVIA PEREZ CRUZ) се првите големи имиња што најавуваат исклучително возбудливо издание на Oффест. Годинешниот 19. Oффест ќе се одржи од 2 до 6 јуни во Скопје.

Нашиот најголем и најзначаен фестивал на музика на светот годинава ќе го отвори дуетот Lina_Raül Refree, колаборативен проект на португалската фадо дива Lina Rodrigues и популарниот шпански артист Raül Refree, еден од најбараните и најиновативните светски продуценти во моментов (Rosalía, Lee Ranaldo од Sonic Youth и др.). Нивниот штотуку објавен албум „Lina_Raül Refree“ (Glitterbeat, 2020), кој е своевидна модерна посвета на  големата фадо легенда Amália Rodrigues, веќе предизвикува лавина од позитивни реакции кај светските музички сладокусци.

Втората вечер на OFFest (3 јуни) е резервирана за уште еден голем тандем, предводен од величествениот мајстор на иранското кеменче Kayhan Kalhor, добитник на Греми во 2017-та и актуелен носител на специјалната награда за животно дело на Womex (2019). Овој брилијантен музичар од курдско потекло во Скопје ќе настапи во придружба на турскиот виртуоз на инструментот баглама Erdal Erzincan.

Во истата вечер, публиката ќе може да го проследи и настапот на фасцинантната каталонска пејачка Silvia Perez Cruz. Таа во Скопје ќе го претстави својот најнов проект „Farsa”, во кој на волшебен начин ги комбинира музиката, театарот, филмот, танцот, сликарството, фотографијата и поезијата.

Наскоро ќе биде обелоденета и комплетната програмата на фестивалот. Несомнено, нè очекува уште едно извонредно квалитетно и музички раскошно издание на Oффест.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе