„Под ѕвездено небо“ - концерт во КИЦ на Трајко Јордановски

Македонскиот оперски режисер Трајко Јордановски вечер во Културно-информативниот центар во Скопје ќе одржи концерт насловен „Под ѕвездено небо“.

Концертот, освен вокалната интерпретација од страна на солистите, ќе биде збогатен и со режиска разработка на музичките точки од програмата, со што ќе се збогати и оплемени визуелната страна од овој проект. Ќе биде збогатен и со светлосни ефекти и се очекува проектот да биде всушност целосно оперско доживување.

Корепетитор на концертот е Елена Силјаноска, а солисти се Виктор Битоски и Билјана Бајевска.

Трајко Јордановски е македонски оперски режисер, кој ја има режирано словенечката оперета „Ковачев студент” во Нова Горица во Словенија, со друштвото Франце Прешерн, а со солисти од МОБ. На малата сцена на МОБ тој ја има поставено претставата „Васовалци”.

Своја премиера има на операта „Слугинка господарка” од Џовани Батиста Перголези во Скопје и „Орфеј и Евридика“ од Кристијан Вилибалд Глук, додека пак „Веселата вдовица“ од Франц Лехар ја постави на големата сцена на МОБ.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе