Почнуваат концертите „Музика вива на отворено“

Од денеска почнуваат концертите „Музика вива на отворено" во организација на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Концертите ќе се одржуваат во следните три дена, а се дел од научно-истражувачки проект на Факултетот за музичка уметност – Скопје, поддржан од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј". Два од концертите ќе се одржат на терасата на Музејот на македонската борба, а еден во фоајето на Националната опера и балет.

На програмата ќе бидат дела од светската музичка литература, а ќе ги изведат студентите од класите на проф. м-р Марија Муратовска- Наумовска, проф. м-р Михаило Куфојанакис, проф. д-р Марија Ѓошевска, проф. д-р Нина Костова-Јаневска, проф. д-р Горан Начевски, проф. м-р
Зорица Каракутовска, проф. м-р Весна Ѓиновска-Илкова, доц. д-р Елена Атанасовска-Ивановска, м-р Бисера Чадловска, м-р Александар Поп Христов и м-р Димче Белчовски.

Концертите почнуваат во 19 часот, а влезот е слободен.

Организаторите најавуваат дека трите концерти ќе се одржат според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата со Ковид-19. Задолжително е носење на заштитна маска во затворен простор.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе