Почнуваат концертите, Авалон во Охрид ја носи Амира Медуњанин

Авалон продукција го најавува првиот концерт како дел од концертите што ќе ги организира во август и септември под веќе изготвените и одобрени протоколи за организација на концерти во земјава. На 9 август во Античкиот театар во Охрид ќе настапи Амира Медуњанин.

Капацитетот на Антички театар којшто е со 2.500 седишта ќе биде искористен за максимум 1.200 посетители.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба исклучиво онлајн на аvalon.mk од утре во 9 часот наутро.

Амира Медуњанин е една од најактивните промотори на музичкото наследство на Босна и Херцеговина. Нејзината богата дискографија која ја издава во соработка со познати светски издавачки куќи постојано добива одлични музички критики, додека музичкиот новинар Гарт Картрајт ја нарече босанската Били Холидеј, алудирајќи на начинот на кој Амира си „игра“ со севдахот, пронаоѓајќи нов контекст и форма во традицијата стара повеќе од сто години. 

Неодамна излезе и нејзиниот најнов студиски албум со наслов „For Him and for Her“ во издание на Кроација Рекордс, посветен на двете легенди на кафеанската музика Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ, кој за брзо време стана апсолутен хит на дигиталните платформи, а и во Охрид ќе биде премиерно претставен пред публиката со неколку нумери. 

 

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе