Почнува ВАДА – првата академија за улични танци

Од 21 февруари почна проектот ВАДА - Виртуелна американска танцова академија во креација на координаторката Ивана Балабанова од Битрикс културно-уметнички центар и Амбасадата на САД во Македонија, а во кој како партнери се јавуваат КСП „Центар јадро“ (Јасмина Билаловиќ) и „Младински културен центар" (Ванчо Богоев), како и The Bureau of Educational and Cultural Affairs ( ECA) of the U.S. Department of State, American Voices и American Dance Abroad oд Соединетите Американски Држави.

ВАДА претставува голем пионерски проект не само во нашата земја, туку и во светски рамки, бидејќи речиси и да не постојат танцови академии за улични (кај нас познати како урбани танци) во светот. Со овој проект, неговите креатори се надеваат на трасирање на патот кон професионализација на уличните танци и култура, обезбедувајќи структуриран, долгорочен процес за едукација на младите и обезбедувајќи можност за издигнување на танцовата сцена кај нас на значително повисоко ниво.

Иако уличните танци се практикувани од над 7.000 млади во земјата, тие сѐ уште не го добиле своето место во академските редови. Создавањето на овој пионерски проект, ќе ја позиционира Македонија на мапата на светот како точка на зародиш на нови стандарди во практикувањето на овие танцови стилови, нешто што ќе донесе значаен придонес во танцот кај нас, а со амбиции овој проект да се развие и да стане достапен и на интернационално ниво.
Танцовата академија ВАДА ќе им обезбеди на младите едукација со некои од најголемите танчарски имиња од САД, земјата на хип-хоп културата, а истата ќе се реализира во два дела, и тоа: Онлајн танцови работилници во времетраење од пет месеци во периодот февруари - јули и подготовка на танцов перформанс за што е предвидено во август предавачите од САД да дојдат во Македонија и да работат во живо со стипендистите.
Првиот курс на академијата во кој ќе се изучува танцовиот стил POPPING (попинг) овој викенд го започна реномираната танчарка и кореографка Marie Poppins, која е дел од триото Femme Fatale, a во наредните курсеви е предвидено да се изучуваат и стиловите: animation, robotics, housе, dancehall, современ танц, брејкденс и мешавина од многу различни улични танци.
Во програмата ќе учествуваат 35 селектирани танчари и кореографи од Скопје, добитници на комплетна стипендија, а можност за надоградба на своите знаења ќе им се даде и на 25 танчари од: Куманово, Штип, Пробиштип, Охрид, Радовиш, Тетово, Струмица и Гевгелија.
Танчарите од Скопје, ќе ја следат програмата заеднички од просториите на МKЦ, согласно ковид протоколите, додека пак перформансите кои ќе се подготват во август, публиката ќе може да ги проследи во просториите на КСП Центар јадро и МКЦ.
Овој проект ќе допринесе да се прошират видиците на нашите танчари и кореографи, да се зајакне нивната техника и базата на знаења за повеќе танцови стилови која се уште недостасува кај нас, но, уште повеќе од тоа, да се едуцира пошироката јавност за урбаната и современата танцова уметност и да се освежи програмата која е достапна за сите.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе