Почнува „Скопско лето“, концерт на оркестарот на Национална опера и балет „Од оркестарот за публиката“ – Опера без зборови

Со концерт на оркестарот на Национална опера и балет насловен „Од оркестарот за публиката" – Опера без зборови, вечер во 21 часот ќе биде отворен фестивалот „Скопско лето 2021".

Концертот опфаќа дела од П.Маскањи, М. Мусоргски, Џ.Пучини, П.И.Чајковски– Р.Леонкавало, Ш.Гуно, В.Белини и Џ.Верди. Диригенти ќе бидат Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

Од НОБ информираат дека настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во ограничен број, посочуваат од Национална опера и балет.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе