Во Битола

Почнува интернационалниот Фестивал на музика од светот

Со концерт на Хели Сиекинен, позната уметничка од Финска, вечер во Битола почнува 11. издание на интернационалниот Фестивал на Музика од светот.

Хели Сиекинен пет пати била најдобра на натпреварите за хармоника во Финска, учела во националните школи и дипломирала на конзерваториумот Јиваскила во Финска.

„Вечерашниот концерт „Танго" е еден од бројните концерти кои Хели Сиекинен ги одржала во светот, почнувајќи од првиот во 2010 година со симфонискиот оркестар на Универзитетот Јиваскила. Пред домашната публика овој пат ќе настапи со битолскиот Камерен оркестар и освен со својата хармоника, таа ќе свири и со бандонеон“, најавија од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот Музика од Светот.

Викендов во рамки на традиционалниот културен настан поддржан од Министерство за култура и Општина Битола концерти ќе одржат и познатата поп музичка ѕвезда од Србија Јелена Томашевиќ Босиљчиќ која ќе настапи во сабота, и Џамбо Агушеви Оркестар со чиј настап в недела завршува фестивалот Музика од светот. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе