Почнува 21-то издание на Таксират

Со ПИН музичка конференција и  шоукејс, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, денеска почнува 21-во издание на „ТАКСИРАТ“, денови посветени на културата и уметноста.

Во кино Фросина, вечер ќе се одржи панел насловен „Излажи ме!“, на којa ќе се дискутира со градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов, и со претставници од културниот сектор: Васил Ѓуроски, Теодора Василевиќ, Костадин Шурбановски, Симона Димковска и Небојша Вилиќ.

Вечерта ќе биде музички збогатена со настапите на чешката џез-пијанистка Бара Змекова, српскиот артист Марко Луис и култните љубљанчани Боргезија, кои ќе настапат во Денсинг салата.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат над 30 бесплатни концерти на групи од 13 држави.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе