Почна Етно плоштад фестивал 2019 во Берово

Приредувајќи прекрасен заеднички концерт пред преполниот плоштад во Берово, виртуозите на македонската музика Влатко Стефановски и Горан Алачки, синоќа го отворија 11-тото издание на првата фестивалска вечер од „Етно Плоштад фестивал 2019. Присутните уживаа во извонредните интерпретации од гитара и хармоника на „Македонско девојче", „Јовано, јованке" и многу други, кои направија вистински убав амбиент на плоштадот „Димитар Беровски" во Берово.

„По пауза од 17 години повторно настапувам во Берово и морам да признаам треба почесто овде да доаѓам. Иако сум бил повеќе пати овде како турист ветувам дека својата грешка ќе ја исправам“, рече Стефановски во воведниот говор пред беровчани и гостите од регионот.

Фестивалот го отвори градоначалникот Звонко Пекевски кој рече дека локалната самоуправа ќе продолжи да се стреми за што поголема афирмација на фестивалот во иднина.

„Преку ваквите манифестации чесно и објективно се вреднува вложената енергија и креативниот напор за создавање трајни вредности и нивно негување и се отвора можност на присутните да се запознаат со значењето на традицијата на ова подрачје која сите ние имаме должност да ја пренесуваме и понатаму“, рече Пекевски.

На концертот на Влатко Стефановски и Горан Алачки во улога на придружен оркестар настапи и групата Етно Малеш, а исто така свои настапи имаа и младите играорци од Културно-уметничкото друштво „Димитар Беровски“ како и диџеј „Сене“. Петдневната програма на Етно плоштад фестивалот продолжува вечерва со настап на Синтезис, „2 Бона“ и „Штекица“. 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе