Почина Рубин Кантарџиоски - Кантар, пејачот со баршунаст глас

Рубин Кантарџиоски - Кантар почина ненадејно во родниот Прилеп. Тажната вест ја соопшти скопскиот бенд ВИС - Вокс (V.I.S.-VOX) во кој Кантар беше вокал. На фејсбук - страницата на бендот е напишано: И така, Рубин, во едно пролетно утро, го испрати својот баршунаст и тажен глас во вечноста! Почивај во мир, друже! Испиј една ракија со Ушко, Милан, Bowiе...

Бендот во објавата напиша:

Рубин Кантар остави трага на македонската сцена со својот бенд од 90-те години Don't!Who!One!

Соработуваше и со Мизар на концерти низ регионот.

Со V.I.S. VOX ги сними албумите „Песни што од секогаш сте сакале да ги слушнете а не сте имале каде" ( 2012) и „Теодорова сабота ( 2022).

Деновиве се планираше промоција на песната „Тагоре" со стихови од Рабиндранат Тагоре.

„Кој си ти читателе, кој по едно столетие ќе ги имаш моите песни.
Јас не можам да ти испратам ниту еден цвет од ова пролетно богатство.
...
Во радоста на своето срце да почувствуваш
Жива радост што пееше во едно пролетно утро
Испраќајќи го својот весел глас
Преку стотина лета."

И така, Рубин, во едно пролетно утро, го испрати својот баршунаст и тажен глас во вечноста! Почивај во мир, друже! Испиј една ракија со Ушко, Милан, Bowie...

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе