Жална вест

Почина Павлина Апостолова - Богданова, првенка на Македонската опера

Во Скопје, на 90 годишна возраст, почина поранешната првенка на Македонската опера. Павлина Апостолова-Богданова припаѓа на првата генерација оперски солисти што ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура. До нејзиното заминување во пензија, со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал.

Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на македонската опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонскта култура.

Таа се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник.

Погребот е извршен денеска во кругот на најблиските.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе