На 91 година

Почина Енио Мориконе, композиторот на музиката за „Професионалец“ и „Беше еднаш во Америка“

Италијанскиот композитор Енио Мориконе, мајсторот зад легендарната музика на шпагети-вестерните, почина на 91-годишна возраст по компликации од пад.

Тој починал во Рим, откако претрпел компликации од падот минатата недела во кој, наводно, ја скршил бутната коска.

Композиторот и диригент ја напиша музиката за над 500 филма во текот на неговата славна кариера.

Мориконе освои две награди Оскар, една во 2007 година и друга во 2016 година, и беше светски познат по неговото партнерство со Серџо Леоне, произведувајќи саундтракови за филмови како што се „За неколку долари повеќе“ и „Добриот, лошиот и грдиот“.

Во 2007 година Мориконе доби почесна награда на Академијата „за неговите прекрасни и повеќеслојни придонеси во уметноста на филмската музика“ и беше номиниран за уште шест Оскари, пред конечно да стане најстарата личност што некогаш освоила конкурентен Оскар во 2016 година за неговата музика за „Гневните осуммина“ на Квентин Тарантино.

Тој исто така освои три награди Греми, три Златни глобуси, шест БАФТА и многу други европски и светски кинематографски награди во текот на неговата кариера.

Семејството ќе одржи приватен погреб „со почит кон чувството на скромност што секогаш го инспирираше неговото дело“, објави денеска пријателот на семејството Мориконе и адвокатот Џорџо Асума.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе