Почина Александар Џамбазов, „Замина нашиот маестро“, објави синот Игор Џамбазов

Познатиот диригент и композитор Александар Џамбазов почина на 85-годишна возраст.  На својот инстаграм-профил, неговиот син и познат актер и музичар Игор Џамбазов напиша: „Си замина нашиот маестро, тивко и нечујно, како што живееше во последните 25 години...од денес, конечно со својата Анче...вечен нека нѝ е споменот на тебе, маестро мој".

Александар Џамбазов е музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар. Припаѓа на четвртата генерација македонски повоени композитори.

Џамбазов има реализирано безброј студиски снимки и концерти во живо, а настапувал и во странство. Добитник е на над педесетина награди. 

Автор е на голем број песни за деца. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче". Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо", за драмите „Мајка", „Двајца на нишалка" итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје" – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации" – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе