Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо неговото семејство се пресели во Скопје, каде тој ја започна својата рок кариера, а подоцна, благодарение на неговиот вонсериски глас, го презеде микрофонот во Парни ваљак.
Уште на седумгодишна возраст започнал да учи музика - клавир, неговиот татко бил наставник по музика, а како тинејџер ќе биде дел од неколку рок и поп состави во Скопје, како во Крвни браќа и Тор.
Во 1975 година се запознава со гитаристите и композитори Хусени Хасанефедиќ - Хус и Јурица Паѓен, заедно ја формираа групата Парни валјак, која набрзо ќе стане конкуренција на тогаш неприкосновената Бијело дугме.
Со Парни ваљак со децении ќе ги освојува срцата на публиката, со оваа група ќе сними десетици албуми продадени во стотици илјаден тираж или, во вкупен тираж од неколку милиони примероци, и ќе има стотици и стотици концерти во поранешна Југославија и надвор од земјата. Вкупно 16 студиски албуми, 5 албуми во живо, 14 сингл-плочи , 4 компилации и две двд-изданија се бележат со гласот на Рахимовски.
Во извесен период Аки Рахимовски имаше и соло кариера и свои дискографски изданија.
За неговиот приватен живот малку се знаеше, имаше зад себе два брака, и две деца - син и ќерка. Пред две години пов трет пат стана татко, со Словенката Барбара Весел добија ќерка,
Се истакнуваше со вонсериски глас и настап на сцената.
На Аки Рахимовски утрово му се слошило, а починал во болница во Ново Место, Словенија.