ПМГ рекордингс фестивал во МКЦ во сабота

Во Младинскиот културен центар во сабота на два музички подиуми ќе продефилираат некои од највозбудливите имиња на македонската музичка сцена како дел од програмата на единаесетто издание на  ПМГ рекордингс фестивал.

И оваа година, фестивалот ќе биде дел од популарната БЕЛА НОЌ со слободен влез за сите љубители на квалитетна современа домашна музика. Фестивалот се организира од ПМГ Рекордингс, дискографска куќа со над 200 изданија на современа македонска музика.

Првиот подиум ќе биде поставен во МКЦ паркот и е резервиран за бендовскиот дел од програмата. Еден од најуспешните наши бендови во последниве 20 години, со 9 албуми и голем број хитови е секако ПМГ колектив. На овој фестивал, тие ќе го претстават материјалот од најновиот албум Fraternité, но во исто време и со новата постава од 8 члена, вистински ПМГ колектив оркестар, кој ќе понуди сосем ново искуство во перципирање на музиката на овој состав. Подгответе се за голем звук и незаборавна свирка. На истото место ќе ги проследиме и легендите на македонската џез сцена Сетстат, добро познатата поп дива Марија Каева со сосем нов материјал, загадочните електро даркери Блекстејт и извонредно интересните Луфтханза, кои внесуваат нова младешка енергија на сцената.

Вториот подиум кој ќе биде поставен на МКЦ плато е резервиран за електронска танц музика, каде можеби највозбудлив ќе биде деби настапот во живо на електро дуетот Диџеј Магија, а со диџеј сетови ќе се претстават: Дарко Јорданов, Нино Наумов, Божидар Видоески, Илина Ангел и DJ Uх од фантастичното Амок Радио.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе