Плацебо на фестивалот „Скопје гори“ на 25 јуни

Светскиот рок бенд Плацебо доаѓаат на возобновениот рок настан Скопје гори фестивал со ексклузивно шоу во регионот.

Ретки се бендовите кои успеале да станат големи, а истовремено да останат авангардни, бескомпромисни и суперквалитетни во тој процес, најавуваат од Авалон. 

Концертот ќе се одржи на 25-ти јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Ова лето Плацебо ќе настапат и на големите фестивали Rock Werchter во Белгија, BBK и Madcool во Шпанија, Park Live во Русија...

Со повеќе од 12 милиони продадени албуми досега, Плацебо (Placebo) е основан во 1994 година. Со нивниот специфичен звук кој претставува фузија на глам-рок и готик-поп жанровите, како и по уникатниот имиџ на пејачот Brian Molko, Плацебо добија статус на апсолутни миленици на алтернативната рок популација, а меѓу нивните бројни обожаватели се вбројуваше и легендарниот Дејвид Боуви. 

Плацебо досега имаат објавено вкупно девет албуми, од кои седум се студиски и два во живо. Не треба да се заборави дека покрај носачите на звук, Плацебо имаа серија од исклучително успешни синглови и видео спотови со впечатлив стајлинг, со што дефинитивно се профилираа како современ арт-рок состав и тоа на најдобар можен начин. 

Влезниците за веројатно најголемиот рок концерт ова лето во Македонија ќе бидат пуштени во продажба во петок во 9 часот наутро и истите ќе може да ги набавите исклучиво во продажното место на Aвалон во ГТЦ, продажните места во мрежата на Авалон низ земјава и онлајн на avalon.mk.

Продажба на влезници ќе врши и тикет сервисот Евентим -Бугарија, со оглед на тоа дека Плацебо нема да настапуваат во соседна Бугарија. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе