Мајски оперски вечери

Овации за Дурловски на „Турандот“

По вчерашната изведба на операта „Турандот' на сцената на Македонската опера и балет, Игор Дурловски доживеа овации и долготрајно скандирање на неговото име. Дурловски го играше Тимур од операта „Турандот".

„Игор, Игор“ ечеше во МОБ. Ова беше еден вид враќање на сцената на МОБ на Дурловски по неколкумесечниот притвор и покренатото обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок како учесник и организатор на протестите против промена на името и Уставот кои кулминираа со настаните во Собранието лани на 27 април.

Дурловски како еден од лидерите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ лани од 28 ноември до 26 јануари годинава беше во истражниот затвор во Шутка, а потоа во куќен притвор. Дурловски е поранешен директор на МОБ и експрофесор на Факултет за музичка уметност во Скопје.

Тој со сопругата Ана Дурловски, сопран од светски глас, имаат исклучително успешна меѓународна кариера.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе