Oд 3 до 8 јуни девет концерти на ОФФест

Фестивалот „ОФФест“ годинава ќе се одржува во рекордни шест дена, од 3 до 8 јуни, и ќе понуди девет концерти и еден документарен филм, соопшти организаторот – Скопски џез-фестивал.

Осумнаесеттото издание на „ОФФест“ на 3 јуни во МОБ ќе го отвори виртуозниот дует на велшката харфистка Катрин Финч и сенегалскиот кора-мастер Секоу Кеита, како и концертната премиера на новиот материјал на македонскиот музичар со њујоршка адреса Крсте Роџевски, кој ќе настапи со неговите најблиски музички соработници од њујоршката џез-сцена.

„На 4 јуни во МКЦ ќе се слави музиката од Мали, најпрвин со прикажување на документарниот филм „Mali Blues”, а потоа и со концертот на единствениот Басеку Кујате и неговиот бенд „Ngoni Ba“, промовирајќи го својот најнов, одлично оценет албум „Miri”. Звукот на Мали ќе одекнува и следната вечер, на 5 јуни во МОБ, со настап на најголемата ѕвезда на годинешниот ОФФест, атрактивната африканска дива Фатумата Дијавара, соопшти организаторот.

Во рамките на програмата „Balkan Fever Night”, на 6 јуни во МКЦ ќе настапат претставниците на „унгарската тамбура“ „Sondorgo“ и нашиот Џамбо Агушев со неговиот многуброен дувачки оркестар.

Претпоследната вечер (7 јуни, МКЦ) е посветена на модерната интерпретација на традиционалното, претставена низ аудиовизуелен перформанс на либанската група „Love And Revenge“ и „Romperayo“ од Колумбија.

Годинашниот  ОФФест, за  кој влезниците ќе бидат пуштени во продажба денеска, ќе заврши на 8 јуни во клубот „Епицентар“ со ексклузивен полноќен диџеј-сет на „Daddy G“ од „Massive Attack“.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе