Oбјавена е програмата на 18-от Офф-фест

Традиционалниот Офф-Фест, што годинава ќе се одржи (во рекордни шест дена) од 3 до 8 јуни, е сочинет од 9 настапи и еден документарен филм.

Осумнаесеттото издание на фестивалот ќе го отвори, на 3 јуни во МОБ, виртуозниот дует на велшката харфистка Catrin Finch и сенегалскиот кора-мастер Seckou Keita, како и нашиот њујорчанец Крсте Роџевски, со концертна премиера на својот исклучително интересен и вреден материјал, во придружба на неговите најблиски музички соработници од првата лига на њујоршката џез сцена.

На 4 јуни во МКЦ ќе се слави музиката од Мали, најпрвин со прикажување на документарниот филм „Mali Blues”, а потоа и со концертот на единствениот Bassekou Kouyate и неговиот бенд Ngoni Ba, промовирајќи го својот најнов, одлично оценет албум „Miri”.

Звукот на Мали ќе одекнува и следната вечер, на 5 јуни, во МОБ, со настапот на најголемата ѕвезда на годинешниот Офф-Фест, атрактивната африканска дива Fatoumata Diawara.

Во рамките на т.н. „Balkan Fever Night”, на 6 јуни во МКЦ, ќе се „судрат“ две големи балкански world-music атракции: неприкосновените претставници на „унгарската тамбурица“ Sondorgo и струмичкиот „фанки тигар“ Џамбо Агушев со неговиот многуброен, експлозивен и светски популарен дувачки оркестар.

Претпоследната вечер (7 јуни, МКЦ) е посветена на модерната интерпретација на традиционалното, претставена низ фасцинантниот аудио-визуелен перформанс на „либанскиот одговор на Gotan Project“ - групата Love And Revenge и фуриозната електро-психоделична cumbia на Колумбијците Romperayo.

Фестивалот ќе финишира на 8 јуни, во клубот Епицентар, со ексклузивен полноќен диџеј-сет на Daddy G од Massive Attack.

Влезниците за Офф-фест 2019 ќе бидат пуштени во продажба од утре (23 април), а информацијата за цените и продажните места ќе биде објавена дополнително.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе