„Ну погоди“ – концерт на Филхармонијата за деца

Симфонискиот концерт „Ну погоди“ кој премиерно беше изведен во јуни Градскиот парк, повторно ќе прозвучи денеска напладне во Филхармонијата. Најмладите ќе имаат можност да ја слушнат музиката од популарните култни цртани филмови – „Ну Погоди“, „Балтазар“, „Козле Бозле“, „Мечето Ушко“, „Пинк Пантер“. Музичката изведба ќе биде збогатена со видеопроекција на цртаните, а аниматор е Мартин Јордановски. Со оркестарот ќе диригира Џијан Емин, а аранжманите се на Владимир Николов.

„Филмовите кои ќе имаат можност да ги видат и чујат најмладите, всушност се цртани со кои израснаа нивните родители. Нарацијата ќе ја следи оваа нишка од музичката приказна на цртаните филмови – ќе им укаже на децата дека и нивните родители кога биле деца гледали цртани филмови. Концертот е убава можност за заедничка дружба на родителите со децата преку фантастичните цртани филмови кои имаат одлична приказна и музичка илустрација“, соопшти Филхармонијата. 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе