Нови македонски звуци на Дуо Скупи

На 30 мај, на пладне, во ресторанот Пелистер во Скопје ќе се одржи промоцијата на новиот албум на Дуо Скупи (Ермаљ Мехмети- виолина и Јета Старова Мехмети-флејта) насловен Нови македонски звуци (NEW MAK SOUNDS).

Делото ќе го промовираат проф.д-р.Јане Коџабашија, композитор и музиколок актуелен в.д. директор на СОКОМ, проф. д-р. Ермис Лафазанофски, македонски писател, Љупчо Јолевски, новинар, водител и уредник, Мирко Стефановски, поранешен директор на МНТ, Опера и балет и Дирекција за култура, Никола Глигоров, директор на Дирекција за култура, а краток настап ќе имаат Портокаловата група од градинката Бисери, Скопје.

Нови македонски звуци  трет по ред албум нa Дуо Скупи и во него се сместени осум познати македонски песни и ора (Сношти сакав да ти дојдам, Гајдарско оро, Зајди зајди на Александар Сариевски, Море сокол пие, Си заљубив едно моме, Касапско оро, Скопско оро на Ангел Нанчевски и Јовано, Јованке) во аранжман за флејта и виолина во нов модерен и современ звук од виолинистот Ермаљ Мехмети.

Изданието го подржаа Министерството за Култура, Комерцијална банка и До ре ми.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе