Нови кореографии на „Танц фест“

Во рамки на 15. „Танц фест" вечерва од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе бидат изведени три кратки кореографии – „Фенси сме" на Рисима Рисимкин и две на младите кореографи Дејан Битровски – „Луцидниот Јос" и Адријана Данчевска – „Скеч".

Битровски ја создава „Луцидниот Јос“ на музика на Дулелуд, видеото и фотографијата се на Владислав Гавриловски, а костимите ги изработи Благој Мицевски.

„Сѐ што гледаме или ни се привидува, е само сон во сонот“, вели Битровски кој од 2014 година во Скопје танцовиот театар активно учествува во целиот репертоар како танчар, а во последно време и како кореограф.

Во неговата претстава ќе настапат Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Адријана Данчевска, Исидора Краљевска, Бобан Русески, Јасмин Систи од Италија и Нил Хохенер од Швајцарија.

Кореографијата „Фенси сме“ на Рисимкин ќе ја изведат Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Тања Крстевска, Борис Богдановски, Дамла Пинар Башар од Турција. Музиката во живо ќе ја изведуваат перкусионистите Виктор Филиповски и Владимир Трпчевски.

Третиот дел на претставата е кореографијата „Скеч“ на Адријана Данчевска, која е  дел од првата генерација млади кореографи на Скопје танцовиот театар, каде што работи како танчар и кореограф. Таа ги изработи и костимите, а музиката ја компонираше  Александар Гроздановски.

„Диво, искрено и сега“, вели Данчевска за кореографијата „Скеч“ во која ќе настапат танчарите: Тереза Лазарев, Јасмин Систи од Италија, Сара Цветковска, Нил Хохенер  од Швајцарија, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска и Јована Зајкова.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе