Нова димензија на сценско музичко доживување во Скопје

На 20 септември ќе се одржи уникатна барокната претстава „Дидо и Енеј“ (Dido and Aeneas).

„Полифонија“ од Скопје организира неколку атрактивни музичко сценски проекти чии композиции никогаш до сега не се изведени во државата во професионален состав. На 20. септември ќе се одржи уникатна барокната претстава „Dido and Aeneas“ во камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје.

„Dido and Aeneas“ е едночасовна барокна опера базирана врз поезија на римскиот поет Виргилиј. Музиката е напишана од еден од најславните англиски композитори на сите времиња, Henry Purcell. Претставата која се смета како монументално дело на барокот раскажува за љубовта на картагенската кралица Дидо кон тројанскиот херој Енеј и нејзината огорченост кога поради политички причини тој ја напушта.

Во претставата е сместена и аријата Dido's Lament која е една од најграндиозните лирски мелодии на барокот. За оваа композиција потребна е барокна артикулација и специфики на изведба кои ќе бидат претставени и пренесени до нашите солисти преку реномирани барокни уметници од Канада и Германија како и од македонските уметници Васил Гарванлиев, Емилио Перцан и Сања Шуплевска.

Г.А.П. (Гиовани Антонио Пијани Германија) е класичен ансамбл специјализиран за барокни перформанси и како таков еден од најбараните барокни ансамбли во Европа. Ансамблот е предводен од виолинистот Емилио Перцан, професор на универзитетот во Грац, Австрија. Васил Гарванлиев кој по својата дводецениска светска кариера (со професионални ангажмани во еминентни центри во Чикаго, Торонто, Милано и Лондон) за првпат настапува со оперска улога пред нашата публика во улогата на Енеј. Оперската дива Криста де Силва (Канада) која по солистички улоги (Кармен, Кандид, Идаманте, Консепција) на еминентни подиуми како Опера ду Монтреал, Калгари и Едмонтон опера за прв пат настапува пред македонската публика во улога на Дидо.

Лаура Џин Елигсен од Канада која во овој момент е професионално ангажирана во грандиозната Штац опер Виена, Австрија, ќе се претстави со улогата на Белинда. Ансамблот ИН МЕДИАС РЕС на Полифонија е составен од домашни извонредно талентирани солисти и пејачи.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, Гете-институт во Скопје и Канадскиот музички центар во Скопје.

Претставите кои ги подготвува „Полифонија“ за оваа сезона во соработка со Канадскиот музички центар во Скопје и реномирани музички групи и уметници од Германија и Австрија имаат заеднички акцент кој е ставен на современи техники за соодветно претставување на музиката и солистите. Со тоа публиката би имала можност одблиску да го доживее овој вид на уметност кој е инструмент на долгогодишна европска традиција и комуникација.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе