Нов видео спот на Баклава за песната „Тиркиз“

По успешната концертна промоција на новиот албум, групата Баклава го објавува новото музичко видео за песната „Тиркиз“.

 

Видеото е изработено од продукцијата на „091“, и режијата е на Јана Мишо. Шминката ја направи Ирена Сенокозлиоска. Музика: Елена Христова, текст: Сибо.

Музичари: Елена Баклава - вокали, Дејан Теодосиевски – виолон-чело, Драган Стојковски – бас гитара, Игор Стевковски - тапани, Џенгиз Ибраим – канон, Петар Христов – кларинет, Трајче Ристов – тарабука.

Тиркизната боја го доби своето видео. Инспирана од играта на зборови на името на благородниот камен што воедно е и симбол на турската естетика, се доловуваат убавините од Истанбул до прекрасното крајбрежје на југот.

Стиховите се претежно на македонски јазик, но тука и таму има и понекоја строфа и на турски...

Описно овој колоритен албум е создаван на концептот на бои. Секоја песна е посветена на конкретна боја, претставена преку музиката и стиховите. Сликата што ќе ја добиете слушајќи ги, е токму она расположение што ви ја предзвикува некоја од 13- те бои од албумот: TURQUOISE (Тиркиз), ПУРПУРНА, CHOCOLATE (Чоколада), РУЗМАРИН, ПЕНДОЛИРА, СИНА, РУБИН, СРЕБРЕНА, СИВА, БЕЛА, НЕВЕН, ФЛАМИНГО, СЕНКА.

Кон крајот на март ќе се одржи и промоцијата на винилното и ЦД издание кое е издадено од Берин, но е исто така под покровителство на Арс Ламина.

Во јуни Баклава ќе учествува и на Оффест.

Линк за албумот на музичките платформи:

https://www.youtube.com/playlist?list=OLAK5uy_khCqkf1ZomonzocMgwDvUa-pLSljRzxk4

https://distrokid.com/hyperfollow/baklava/iv?fbclid=IwAR2t9hPb71ajAVpmfi7ML4kgEWn2xdY6joo19Pq-w729GVMgmH78qmTAlsw

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе