Нов сингл на Рис Флауер (ВИДЕО)

После првите два сингла со кои ја почна својата интернационална кариера (Translucent и Set Me Free) Рис Флауер (Ris Flower) издаде нов сингл со наслов „All I wanna know”.

Новиот сингл е дел од проектот “Ris Flower - Live Power Session” кој e комплетно снимен во живо, во сега веќе легендарната Универзална сала.

„После првите два сингла снимени во студио и затворени поради корона вирусот, едноставно морав да застанам на бина со мојот бенд и макар и без публика да уживаме на кратко, така и се роди идејата за овој проект кој во следниот период ќе го споделам со сите вас. Им ветувам на моите фанови дека за брзо време повторно ќе бидеме заедно“, вели Рис Флауер.

Продуцент на проектот е Мустафа Чанбазлар, Арикан Сиракаја и Рис Флоуер, микс/мастер - Арикан Сиракаја, студио Ари/Истанбул, вокал – Рис Флауер, гитара- Филип Пулески, клавијатура и придружен вокал - Стефан Алексовски, бас гитара - Ѓоко Максимовски (Ѓоле), тапани - Кристијан Лафазановски, режисер - Бруно Вељановски, директор на фотографија - Борис Ралев.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе