Нов проект на Андреа со оркестарски верзии на нејзините песни

Андреа, младата македонска пејачка, во петокот го најави почетокот на својот нов проект заедно со светски познатиот оркестар Фејмс (Fames), кој ќе опфати оркестарски верзии на три песни.

За реализација на проектот, Андреа и нејзиниот тим соработуваа со Бете Илин, која се погрижи за оркестaрските аранжмани на песните. Благодарение на Фејмс оркестарски музички проект, оркестар кој има сработено над 1500 музички проекти за светски познати проекти, како и диригентската палка на Олег Кондратенко, песните добија аудио записи. За видеата се погрижи Владимир Митревски Ѓуле.

„Овој проект е нешто ново за мене, едно различно доживување од аспект на снимање песна, но и од аспект на звук и интерпретација. Моите песни ги доживеав поинаку, благодарение на оркестарскиот звук. Среќна сум што изведувам со бенд со кој делиме одлична енергија и едвај чекам да покажеме што можеме заедно“, изјави Андреа.

Андреа неодамна почна да работи со бенд кој досега професионално функционира и редовно одржува проби подготвувајќи се за сите музички ангажмани кои наскоро следуваат во нејзината кариера.

Освен овој проект, Андреа и познатиот продуцент Александар Масевски најавуваат нови изненадувања за нејзината публика наскоро. Нејзините две песни I Know и I Don’t Know Your Name постигнаа големи резултати ширум светот, особено во Европа, САД и Јужна Америка, чии радио станици и познати музички блогови ја нарекуваат „интернационална ѕвезда во подем“. Таа напорно работи на развој на музичката кариера, па до крајот на оваа година, нејзината публика може да очекува и албум што ќе биде едно успешно заокружување на периодот откако за прв пат се појави Андреа.

Андреа е роденa на 14 февруари 2000 година во Скопје, но краток период, поради работните ангажмани на неjзините родители, живее во Харлем во Њујорк каде за прв пат се вљубува во музиката, особено во RNB стилот кој до ден денес го негува во својата музика. Моментално студира на Факултетот за музичка уметност во Скопје на отсеткот соло пеење – популарни жанрови.

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе