Нов албум на Петар Ренџов - „Џезилка“

Во понеделник во 20 часот, во клуб-ресторанот „Портофино", ќе биде промовиранo најновото ЦД издание на Петар Ренџов, насловено како „Џезилка" (Jazzilka).

Најновиот музички албум „Џезилка“, во содејство со повеќемина врвни музички инструменталисти, е создаден од потребата во Македонија да се продолжи со имплементирање на џез музиката во останатите музички жанрови, како врвна и есенцијална димензија во музичката уметност. Со естетика, потврдена од  претходните негови изданија, Ренџов во „Џезилка” се претставува како автор или аранжер на 13 композиции, нови возбудливи музички креации со текстови од истакнати автори од македонската книжевност и литература, пишува во најавата за настанот.

„Џезилка“ ќе биде претставено и концертно пред пошироката публика, во рамки на промотивните активности во 2019 година.

Авторот и гитаристот Петар Ренџов долги години делува на македонската музичка сцена. Тој е признат изведувач и учесник во преку 20 музички проекти, а неговото име е тесно поврзано со многу од познатите интерпретатори на забавната музика. Водител на „Котон Клуб”, емисија за блуз и џез музика на Алфа ТВ (2010-2012) година и автор на три музички ЦД проекти – Сонот на невестата (2005), Темјаника (2009), Бела Салсита-Тумбао салса бенд  (2014).

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе