Во Македонска Каменица

Настапи на Игор Џамбазов, Петар Грашо, Ареа, Љубојна и Нокаут

Во Македонска Каменица во тек се завршните подготовки за тридневниот спортско-музички настан што ќе се одржи од 7 до 9 октомври годинава, а на кој се предвидени неколку концерти на познати музички имиња од земјава и странство. Настанот како што информираа организаторите е продолжение на најаваните концерти во рамки на Каменичко културно лето, кои поради тридневната жалост во Македонска Каменица на крајот од август, беа презакажани за овој месец.

Во рамки на настанот на градскиот плоштад, на 7 октомври концерт ќе одржат Игор Џамбазов и Гуру Харе и главната ѕвезда ма вечерта, хрватскиот поп пејач Петар Грашо. Следниот ден на 8 октомври се концертите на Ареа, Љубојна и Нокаут. Настанот ќе го отворат КУД „Вера Јоциќ" и група „Ајдара", информираа организаторите.

Следниот ден, како што додадоа ќе биде резервиран за спортските настани, кои исто така беа одложени.

„На 9 октомври ќе се одржат велосипедската тура Tour the Kalimanci Lake и првата градска ноќна трка на 5 и 10 километри „Каменица најт ран“. На посетителите од Македонска Каменица и регионот им ветуваме добра забава со познатите музички изведувачи“, додадоа организаторите.

Настаните се во организација на Културно-информативниот центар „Романса“, со поддршка од Рудник „Саса" и Општина Македонска Каменица.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе