„Најголемите хитови“, традиционален василичарски концерт во НОБ

Традиционалниот концерт по повод празникот Василица ќе се одржи денеска и утре со почеток во 20 часот во Националната опера и балет.

Овогодишниот концерт на НОБ е со наслов „Најголемите хитови“, а направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани. Публиката ќе може да ужива во популарните светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Настанот ќе се одржи според протколите предвидени за одржување на настани во затворен простор, при што ќе биде задолжително носење заштитна маска. Билетите се достапни на билетарницата и на веб-страната на Националната опера и балет.

Василичарскиот концерт почна да се одржува од 1993 година, па сѐ до денес, со цел да се прослави Старата Нова Година. Концертот стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас, велат од НОБ.

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе