Утре во Скопје почнува балканскиот танцов камп и фестивал „Битрикс танцова лига 5”

Најголемиот танцов камп и фестивал на Балканот, ова година по петти пат ќе се одржи во Скопје во организација на Битрикс културно-уметнички центар.  Станува збор за интернационален танцов камп и фестивал кој изобилува со богата програма: танцови настани, работилници, натпревари (battles), перформанси...

Организаторите велат дека за ова петто јубилејно издание, создале програма каква што немало на Балканот досега. Програмата е поделена во пет сегменти како симбол на петте досегашни кампови години, и тоа: програма за деца "Kidsterz", работилници со домашни и регионални инструктори "Community Program", работилници со едукатори "Educational Program", работилници со интернационални предавачи "International Program" и перформанси/натпревари.

На танцовата лига секоја година доаѓаат реномирани кореографи, па така и годинава се појавуваат едни од најзвучните имиња во сферата на урбаниот танц. Од 8-17 јуни во Скопје доаѓаат: Кензо Алварез (Холандија), Јаја Ванкова (Украина), Дилан Мајорал (Англија), Кевин Парадокс (Холандија) и Eдвин Батала (Германија/Јамајка), кој е минатогодишниот победник на најголемиот freestyle battle во Европа "Summer Dance Forever" - Амстердам.

Покрај интернационалните имиња, во периодот од 8 до 13 јуни, во „Јавна Соба“, ќе се одржат работилници со кореографи од Бугарија "Skywalkers Crew" и од Србија "Continuum Dance Theater", како и сите инструктори од Битрикс (Ивана Балабанова, Стефани Пецалевска, Ана Марија Темелковска, Сара Ничота, Сандра Најдановска, Јана Петровска, Леонарсо Хусеини, Мартин Иванов и Ива Богоевска). Ќе се одржат работилници и по современ танц и тоа од: Александра Начева - професорка во средното училиште „Илија Николовски - Луј" - Скопје, Бојан Мицев (ФМУ), Теодора Ежовска (ФМУ), а Адријана Данчевска - позната по својата работа во „Скопје танцов театар“ по пат на аудиција ќе одбере тим со кој ќе подготви танцов перформанс.

Во периодот од 14 до 17 јуни, во Младинскиот културен центар ќе се одржат настани кои нема да ја остават рамнодушна публиката.

Интернационалниот дел од кампот ќе се отвори на 14 јуни со перформансот на Адријана Данчевска, а истата вечер ќе се одржи спектакуларен и посебен аудиовизуелен перформанс „Етер“ во кореографија на Ивана Балабанова, а со звукот на Дарија Андовска и анимациите на Глигор Постоловски (ДВД 5).

На 15 и 16 јуни ќе се одржат танцови битки "Beat-Making Battle" и "All Styles Battle". Beat-Making Battle е концепт на натпревар помеѓу дуа од бит-креатори и танчери, а како судии се појавуваат минатогодишните победници Јана Петровска и Иван Костадинов (Панда) и Ивана Балабанова и Брус (Green Out). "All Styles Battle" битката помеѓу танчери, оваа година ќе се реализира со звуците на Inomatik (Мики Миноски) и изведба во живо на бендот "Musaiq". Судии на натпреварот ќе бидат Dylan Mayoral, Edwin Batalla и Kevin Paradox.

 На 17 јуни фестивалот ќе се затвори со „Гала вечер“ каде ќе се претстават повеќе локални танцови клубови, како и перформанси на кореографите и предавачите.

Креативен директор на фестивалот е Ивана Балабанова, за креативата и дизајнот е одговорна Ана Стојановска, а Марсбен се појавуваат како официјална видео-продукција.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе