Наградата за најдобар македонски млад џез музичар на Скопскиот џез фестивал за Филип Букршлиев

На последниот фестивалски ден од Скопскиот џез фестивал денеска ќе бидат промовирани две нови изданија на дискографската етикета на фестивалот – SJF Records и ќе биде доделена наградата за најдобар македонски млад џез музичар.

Како што информираат  организаторите, дел од новиот албум на македонскиот композитор и мултиинструменталист Јордан Костов и неговиот многуброен ансамбл, ќе биде претставен од 16 часот во живо, додека, албумот „A Wave Returns to the Ocean” на Svetlost + Odron Ritual Orchestra e, всушност, лајв документ од нивниот концерт, одржан и снимен минатата година.

Покрај промоцијата на новите ЦД-изданија на SJF Records, во 17 часот, во Кино Фросина, ќе биде доделена и наградата за најдобар млад македонски џез музичар, која оваа година заминува во рацете на скопскиот гитарист, композитор и импровизатор, Филип Букршлиев, чие име се наоѓа на повеќе од 20 долгосвиречки изданија.

Доделувањето на наградата ќе биде проследено со настап во живо на квартетот на Букршлиев.

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе