Над 50 музички изведувачи во најмасовниот Д фестивал во Дојран

Вчера почна долгоочекуваното и најмасовно 12-то издание на Д фестивал, кој ќе се одржува од 1 до 3 јули во Дојран. Најголемиот летен музички фестивал во Македонија, ова лето се одржува во комплетно издание со повеќе од 150 музички изведувачи, уметници и учесници во најбогатата програма на 15 различни бини и зони на фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-камп за фестивалските посетители.

Ова лето ќе настапат повеќе од 50 музички артисти кои пристигнуваат во Дојран од целиот свет, а секако најмногу од Македонија.

Вчера настапија Крудер и Дорфмаистер,  Џулијан Марли, Кошин, Рундек и екипа и Зад аголот. Денеска главната бина е резервирана за Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и Филм, Буч Кесиди, Култур Шок и Чиста околина. На финалната вечер ќе настапат Зу, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон.

Втората по големина фестивалска бина на Д фестивал , Москито стејџ, годинава ја има најсилната програма со Тамикрест, Луфтханза, Џипски грув и Неикед кои настапија вчера, а денеска Габриела Чилми, Доуп куќата, Деменси и торзс, утре Пијан Славеј, Дина Јашари, Оф-граунд ансамбл, Калата и Златно славејче во рамки на програмскиот концепт „Д фамилијарен ден“.

Посебно концертно доживување гарантира музичкиот храм на Д фестивал, односно бината позната како Чрч стејџ која е всушност лоцирана во црквата Св. Илија во Стар Дојран. Продуховениот амбиент на оваа локација ќе биде дополнително оплеменет со прекрасната музиката на музичките уметници како Перија, Антоние Весковски, Драган и Ратко Даутовски и други. 

Новата македонска музичка сцена ќе настапи на Смут сцената - Беседа, Занаду, Хајка, Манас, Корожн, Преку Ред, Мамут и други.

 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе