ФЕСТИВАЛ ЗА НАРОДНА КУЛТУРА

На „Пображење“ во Вевчани се одржува работилница за традиционално изворно пеење

Во рамки на фестивалот за народна култура „Пображење“ деновиве се одржува и работилница за традиционално изворно пеење предводена од доц. др. Велика Стојкова - Серафимовска, етномузиколог при Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ - Скопје. Целта на работилницата е запознавање на младите со традиционалното изворно пеење и поттик за негово негување, презентирање и пренесување на знаењето едни на други.

„Да се предводи една ваква работилница, во место каде традиционалното изворно пеење е живо, и каде се негува и пренесува од генерација на генерација, е навистина големо задоволство. Вевчани е едно од ретките места во Македонија каде песнопојната традиција живее. Вевчанските Лазарки се пример за истото. Токму лазарското пеење во Вевчани се обработува овие денови во првиот дел на работилницата, а во вториот дел обработуваме изворни традиционални песни од други краишта на Македонија со цел да можат учесниците на оваа работилница да се запознаат и со други песнопојни традиции и начини на пеење кои се дел од богатото и разнолико македонско нематеријално културно наследство“, изјави доц. др. Велика Стојкова - Серафимовска.

Во рамки на втората фестивалска вечер на големата летна сцена во центарот на Вевчани настапија: КУД „Керамичар“ - Велес, Македонија; ХКУД „Железничар“ - Загреб, Хрватска; ФА „Стропковчан“ - Стропков, Словачка; Ансамбл „Магура Кодлеја“ - Брашок, Р. Романија; КУД „Млади рудар“ - Добрња, Тузла, БиХ, известија од КУД „Дримкол“ од Вевчани.

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе