На пладне концерт на плоштадот „Македонија“, пијано маратон на Дуња Иванова

Пијанистката Дуња Иванова денеска на плоштадот „Македонија" ќе одржи тричасовен концерт насловен „Наминување".

Наспроти конвенционалниот начин на следење солистички концерти за пијано, кои претпоставуваат посебна подготовка, планирање, концертна сала, програма итн., слушатели на овој нестандарден концерт ќе бидат случајни минувачи во понеделник - од пладне во наредните 180 минути.

Идејата за ваква форма на прем на современиот звук за пијано е квалитетната музика да ги пресретне слушателите кога тие се неподготвени за неа.

Пијанистката ќе изведе дела на истакнати современи автори меѓу кои: Глас, Сакамото, Најман, Перт, Еинауди, Прајснер, Ливингстон, Бернштајн, Еванс, како и Битлси, Коен...  

Концертот на Иванова е дел од поддржаните проекти на годинашниот конкурс од областа на културата на Град Скопје.

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе

Како граѓани на независна и суверена Република Македонија веќе се навикнавме постојано да живееме во секојдневни тензии и стресови.

повеќе