На 9 јуни во Тирана прв фолклорен фестивал на Македонците во Албанија

Во организација на македонското друштво „Илинден", со поддршка на Министерството за култура на Албанија, на 9 јуни првпат во Тирана ќе биде одржан „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија".

„Фестивалот не само што се одржува првпат, туку првпат една ваква манифестација е поддржана од страна на албанското Министерство за култура. Очекуваме голема посетеност како од Македонците кои живеат во Тирана, така и од други делови на Албанија“, изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото „Илинден“.

Според него, на оваа значајна манифестација за Македонците, ќе учествуваат фолклорната група „Браќа Мемишовци” од Орешек област Гора, фолклорна група од Требиште, област Голо Брдо, како фолклорна група од Пустец, Мала Преспа, сите со македонски песни и ора од споменатите области.

Присутните ќе имаат пријатна можност да ги проследат и настапите на  КУД „Илинден” од Струга и театарот „Скрб и утеха” од Скопје, кои се гости на вечерта.

Фестивалот ќе се одржи на 9 јуни со почеток во 18 часот, во Куклениот театар во Тирана, а влезот е слободен. 

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе